Filtra per genere
Поткаст Зошто

- 1858 - Д-р. Танер: Никако „Оземпик“ на своја рака
За да слабее, на црниот пазар го купил лекот „Оземпик“, првично наменет да дијабетичари. Не знаел дека всушност купил инсулинско пенкало и завршил во болница. За вакво искуство со пациент во поткастот „Зошто“ ни раскажа ендокринологот доктор Хасан Танер. Со него зборувавме и за тоа какви последици може да има земањето на „Оземпик“ ако се користи без лекарски надзор.
Wed, 09 Apr 2025 - 20min - 1857 - Оџачарството е одлично платено, но младите не се заинтересирани
Колку младите сакаат да бидат оџачари, каква перспектива би имале со оваа професија и зошто е важно да има повеќе професионалци во оваа област? Во поткастот „Зошто“ на овие теми разговараме со единствената дипломирана оџачарка во земјата, Јасмина Атанасова Симјаноска.
Wed, 19 Mar 2025 - 20min - 1856 - Штета е при нови технологии да лекуваме со методи стари еден век
Реплика на органот на пациентот испечатена во 3Д, наместо снимка од компјутерска томографија на хирурзите им дава многу подобар преглед, вели хирургот Стефан Арсенков. Тој вака се подготвува за комплексни операции, а развива и 3Д мобилизација за скршеница која би се користела наместо класичен гипс. Вака е попрактично, поудобно и помалку трауматично вели тој, порачувајќи дека новите технологии може да ги заменат старите пракси.
Wed, 05 Mar 2025 - 20min - 1855 - „Шубе“ и срам за облека од втора рака
Зошто некому му е срам да влезе во продавница за облека од втора рака, а зошто би требало да размисли за таква опција? На оваа тема во поткастот „Зошто“ разговаравме со модната дизајнерка Ирина Тошева која е поборничка за концептот на одржлива мода.
Wed, 19 Feb 2025 - 19min - 1854 - Имаме потенцијал за создавање големи музички ѕвезди
Имаме докажани македонски музички артисти кои без проблем може да наполнат сала за концерт, но и нови, во кои има потенцијал, ама им треба поддршка за да станат големи. Ова го порача композиторот и инструменталист Николче Мицевски во поткастот „Зошто“.
Wed, 05 Feb 2025 - 20min - 1853 - Никој не сака да влегува во оган за 1000 евра
Зошто по 15 години летање со ер трактор за да гаси пожари, нема кој да го замени пензионираниот пилот Стоје Арсовски? Ова е едно од прашањата на кои од него побаравме одговор во поткастот „Зошто“.
Wed, 22 Jan 2025 - 19min - 1852 - Децата се како сунѓер, и љубовта и омразата доаѓаат од дома
Она што детето го гледа дома, потоа го рефлектира надвор, потсетува пејачката и инфлуенсерка Викторија Лоба во поткастот „Зошто“. Со неа разговаравме за општествените стереотипи и предрасуди, но и за тоа како таа се справува со судот на јавноста како јавна личност.
Wed, 08 Jan 2025 - 21min - 1851 - Растеме генерации за кои насилството е игра
Многу е поважно децата да научат што е другарство, почит и љубезност отколку да знаат колку овци има во Австралија. Ова го порача универзитетската професорка и социолог Татјана Стојаноска Иванова во поткастот „Зошто“. Таа апелира дека е потребна стратегија на национално ниво и квалитетен разговор на родителите со децата дома.
Wed, 25 Dec 2024 - 21min - 1850 - Нашите прабаби биле едноставни, но многу мудри
„Опинците се нашиот барок“ вели најмладата професорка по народно пеење, Ленче Димовска. Во поткастот „Зошто“ разговаравме за тоа како таа на новите генерации им ја пренесува својата љубов кон македонскиот фолклор, но и за тоа како младите можат да се доближат до традицијата.
Wed, 11 Dec 2024 - 20min - 1849 - Ако се расплачам јас, дозволувам да се расплаче и тој спроти мене
Зошто некој се плаши или срами од одење на психолог? Кому е општествено дозволено да покаже емоција и што прават оние кои ги потиснуваат емоциите во себе наместо да ги споделат? На овие теми разговаравме со психологот Никола Дукоски, во поткастот „Зошто“.
Wed, 27 Nov 2024 - 20min - 1848 - „Успеав зошто тие не се откажаа од мене“
Во СОС Детското Село, Силвана Ивановска го минала своето детство и благодарение на луѓето кои работат таму успеала да стане првата оттаму што завршила факултет и тоа со највисоки оценки, а потоа и се вработила во МНР. Во подкастот Зошто за себе вели дека е бунтовник, но никогаш без причина.
Wed, 20 Nov 2024 - 22min - 1847 - Земја на викенд земјоделци
Од 50 илјади хектари со градинарски производи пред 10 години, сега има едвај 15 илјади и се помалку професионални земјоделци, вели Гордана Попсимонова, професорка на Земјоделскиот факултет. Во подкастот Зошто зборува за органското производство, но и за современите земјоделци со компјутери и дронови
Wed, 13 Nov 2024 - 18min - 1846 - Графити – се помалку контроверзен уметнички израз
Колку модерните графити се контроверзна тема денес и која е разликата од минатото. Од обиди за апсење до честење кафе од граѓаните. Нешто сепак се менува. Во Зошто разговараме со Драган Китановски Драш.
Wed, 06 Nov 2024 - 14min - 1845 - Истражуваме што може генот да направи
Ризикот за заболување од канцер на дојка во семејства каде што со генерации имало повеќе случаи и се јавувал на возраст до 50 години е над 60%, вели генетичарот д-р Тодор Арсов. Во поткастот Зошто зборува за важноста на генетиката во судските случаи, но и за наследните болести во нашето поднебје
Wed, 30 Oct 2024 - 21min - 1844 - Парадоксите - некогаш и сега
За Зоран Блажевски „Зоки малиот“ велат дека е една од скопските урбани легенди затоа што од 1984 та си ги поставил темелите на урбано угостителство во Скопје. Од Рандеву во чаршија, па преку МЦМ и до Џубокс. Со него зборуваме за парадоксите на времето некогаш и сега.
Wed, 23 Oct 2024 - 20min - 1843 - Чивијата ми влезе со Квискотека
„Денеска кај нас се развива квизаџиството. Има се повеќе млади и паметни квизаџии и тоа е во подем,“ вели во Поткастот Зошто Зоран Јорданов еден од најпознатите македонски квизаџии, творец, уредник и учесник на квизови на Балканот.
Wed, 16 Oct 2024 - 17min - 1842 - Без притисок нема решение
За да функционираат институциите мора да има притисок, вели Гонце Јаковлеска од МЦМС. Вели дека со години биле перципирани како странски агенти, петтоколонаш, шпиуни, но тоа се менува и се повеќе граѓани сакаат нешто да променат. Фокусот е на корупцијата, но најпрво ги истражуваат личните искуства.
Wed, 09 Oct 2024 - 16min - 1841 - Младите треба да уживаат во сексуалноста, но и да знаат како да се заштитат
Извештајот на СЗО за Европа открива дека употребата на кондоми кај сексуално активните адолесценти, значително се намалила oд 2014 година, а стапката на незаштитен секс е високо загрозувачка. Адолесцентите од Северна Македонија се наоѓаат на високото четврто место. Во Зошто разговараме со Д-р Лидија Јовчевска Ивановска- специјалист гинеколог во Младински центар „Сакам да знам"- Шуто Оризари и мобилна гинеколошка амбуланта на ХЕРА.
Wed, 02 Oct 2024 - 14min - 1840 - Зошто зачестија екстремните временски промени?
Луѓето сакаат се однапред да знаат, па ние сме како некои претскажувачи, вели метеорологот Ирена Лазарова Димитровска во подкастот Зошто. Раскажува дека во лето ја прашуваат дали ќе има снег за Нова година. Временската прогноза е се попрецизна, но климатските промени носат екстреми кои ја отежнуваат
Wed, 25 Sep 2024 - 18min - 1839 - Мото култура - братство, дружби и хуманизам
Нашата цел е да промовираме безбедни практики. Искусните моторџии возат безбедно. Ние се бориме против оние кои не возат безбедно, без разлика дали станува збор за мотори или автомобили, вели Зоран Богдановски автор на МОТОКАСТ.
Wed, 18 Sep 2024 - 16min - 1838 - Бурек и чипс - да, физичка активност - нула
Според Институтот за јавно здравје, само 10 отсто од испитаниците имаат умерена физичка активност - 150 минути неделно пеш. Половината немаат никаква. Доктор Александар Митов во поткастот Зошто зборува зошто кај нас доминира нездравата исхрана, а главен извор на болестите се цигарите и алкохолот.
Wed, 11 Sep 2024 - 20min - 1837 - ВИ е корисна алатка ако се користи за добри цели
Нема потреба од страв ако вештачката интелигенција се користи во добри цели, но за жал има и лоши цели. ВИ е алатка во рацете на човекот. Тој одобрува, пушта во етер и објавува, така што одговорноста е кај луѓето, вели во Поткастот Зошто магистерот по информатички науки, Стојанчо Туџарски.
Wed, 04 Sep 2024 - 16min - 1836 - Вам овие дебати ви се сериозни или смешни?
Веројатно сте го чуле и виделе и сте се насмеале кога ги „кине“ политичарите и јавните личности. И Тие вели не му се лутат. „Па подобро да се либерте, него да се прават дека не чуле или не виделе“ вели во Поткастот Зошто Жарко Јовановиќ познатиот млад глумец и стенд ап комичар. Со него разговараме за политиката, што ни ја нуди и на сатиричен начин.
Wed, 28 Aug 2024 - 16min - 1835 - Која е најголемата моќ?
Зошто граѓаните на избори гласаат повеќе „против“ отколку „за“? Им треба ли тренинг за личен развој на политичките лидери? Зошто понижените граѓани од нефункционални институции не стават крај на тоа? На овие прашања Зошто, во поткастот на Радио Слободна Европа бараме одговори од Ида Протуѓер, која успешната новинарска кариера ја замени со нова – life coach или тренер за личен и организациски развој.
Wed, 21 Aug 2024 - 19min - 1834 - И на психолозите им треба психолог
„Земи си еден Дијазепам за да се смириш“ - ова е често споменувана реченица низ македонските семејства. Тоа е катастрофа, вели во Поткастот Зошто Тиана Ивановска психолог. Со неа разговараме и за најчестите причини да се посети психолог, за анксиозноста и депресијата
Wed, 14 Aug 2024 - 16min - 1833 - Политичарите ги поделија младите
Студентите во светот дебатираат за вештачка интелигенција, а македонските студенти за пристојни студентски домови. Незадоволство има, но има и апатија во услови на наметнатите поделби. Резултатот е застрашувачки – масовно иселување вели во поткастот „Зошто“ Бленди Ходаи, студент и активист.
Wed, 07 Aug 2024 - 18min - 1832 - Уште посмешно е ако не треба да се смееш
Викса вели дека на радио „опасно бега од политика“ и дека и затвора врата, но оти некогаш е толку смешно што не се издржува, посебно „ако треба да не се смееш“. Е тогаш станува уште посмешно и зaтоа можеби „не е срамно ако нарушиш културна тишина“, вели во Поткастот Зошто Виктор Петров – Викса, популарен водител кој им го разубавува денот на слушателите на Радио Сити.
Wed, 31 Jul 2024 - 17min - 1831 - Која е најголемата моќ?
Зошто граѓаните на избори гласаат повеќе „против“ отколку „за“? Им треба ли тренинг за личен развој на политичките лидери? Зошто понижените граѓани од нефункционални институции не стават крај на тоа? На овие прашања Зошто, во поткастот на Радио Слободна Европа бараме одговори од Ида Протуѓер, која успешната новинарска кариера ја замени со нова – life coach или тренер за личен и организациски развој.
Wed, 24 Jul 2024 - 19min - 1830 - Некој ни по низина, а некој на вулкан со велосипед
Никола Нешкоски, планинар, велосипедист, екологист и едукатор. Личност која ужива во предизвици, но и човек кој сака младите да ги научи на здрав живот, на спорт и на љубов кон животната средина. Со него во поткастот Зошто разговараме за задоволствата, успесите, но и предизвиците со кои тој се соочува во остварувањето на неговата мисија.
Wed, 17 Jul 2024 - 16min - 1829 - Или сме испржени или сме поплавени
Нема поважна политичка тема од животната средина, вели биологот и активист Кирил Арсовски Пржо во поткастот Зошто. Но со тоа не се занимава ниедна партија, влада, ниту претседател. Предлага Градскиот парк да се прогласи заштитено подрачје, а граѓаните да се грижат и за животот надвор од својот дом
Wed, 10 Jul 2024 - 19min - 1828 - Сакам да останам но веќе не сум сигурен
Се случува своевиден егзодус на младите и не бегаат толку поради финансиите, туку поради корупцијата, криминалот и непотизмот. Ова во Зошто го вели Дејан Радуловски 23 годишен човек кој истовремено е на постдипломски по историја и на политички науки на Правен факултет во Скопје и работи во кафуле.
Wed, 03 Jul 2024 - 13min - 1827 - Повеќе им се допаѓаат скопјаните, отколку Скопје
Најпосетувана е куќата на Мајка Тереза, импресионирани се од мултикултурата, и од старите и од новите градби. Само во Скопје 2014 туристичкиот водич Васко Марковски избројал 140 споменици. Во поткастот Зошто раскажува кој доаѓа да го види Скопје, што ги одушевува, а на што се жалат туристите.
Wed, 26 Jun 2024 - 20min - 1826 - Аероклуб Скопје 101 година воздушна мисија
Мисијата на клубот, ентузијазмот, начините на финансирање, како и запрашувањето против комарци и муви се темите за разговор со Јане Стефанов, претседател на Аероклуб Скопје, кој успеал своето хоби и љубов да го претвори во професија.
Wed, 19 Jun 2024 - 17min - 1825 - Премолчан живот
Со премолчувањето и ставањето на проблемите под тепих не правиме ништо, вели писателот Петар Андоновски и затоа треба да се разговара за се, па и за она што е табу. За него е тажно што има предрасуди за парадата на гордоста затоа што нејзината порака е - тука сме , постоиме и ние имаме права
Wed, 12 Jun 2024 - 19min - 1824 - Волонтерски поход за зачувување и признавање на Караманот
Македонската кинологија има ретка можност да издејствува конечно да се стекне со своја кучешка раса. Како почнаа и до каде стигнаа групата вљубеници на автохтоната раса македонско овчарско куче Караман. Во Зошто разговараме со Илија Ико Каров претседател на Кинолошкиот клуб за македонското овчарско куче Караман.
Wed, 05 Jun 2024 - 20min - 1823 - Зоолошката не е циркус
Мора да ги сакате животните за да работите со нив, вели Војо Иванов во Поткастот Зошто и објаснува дека нему му се фамилија и птиците и пингвините и мајмуните за кои се грижи. Разочаран е што не се модернизира Зоолошката градина во Скопје, која за две години ќе одбележува 100 години од основањето.
Wed, 29 May 2024 - 22min - 1822 - Нелегалната трговија со дрвја е светски бизнис број три
Сите чинители кои не се дел од шумарството сметаат дека целокупниот апарат за заштита на шумите од нелегална сеча е нефункционален, но јас мислам дека многу често ги критикуваме иако многу фактори, влијаат врз таквата состојба, вели Сашко Петровски, еден од основачите на Регионалниот центар за шумарство и рурален развој Рефорд. Со него зборуваме и за криминалните групи и корупцијата која е распространета во овој бизнисот со нелегална сеча на шуми.
Wed, 22 May 2024 - 19min - 1821 - Лекарите заминуваат од очај
Не гледаме дека државата сака да останеме, дека сме и потребни, вели младата лекарка, Соња Граждани. Работела и чекала вработување на Клиниката, без здравствено осигурување и платено породилно отсуство, а има тримесечно бебе. Најфрустрирачки е што критериум за вработување е прво партискиот грб.
Wed, 15 May 2024 - 18min - 1820 - Мотоциклот е слобода за одговорни моторџии
Тоа е страшно. Бев во САД, во Флорида и на едно дружење една госпоѓа од клубот ми рече „Знаете што, тие што не носат кацига тука ние ги викаме донатори на органи“, вели Драган Малиновски познат антикорупционер, адвокат и моторџија кој повикува на почитување на пишаните и непишаните правила за однесување во сообраќајот.
Wed, 08 May 2024 - 16min - 1819 - Квизаџиството е џентлменски спорт
„Денеска кај нас се развива квизаџиството. Има се повеќе млади и паметни квизаџии и тоа е во подем,“ вели во Поткастот Зошто Зоран Јорданов еден од најпознатите македонски квизаџии, творец, уредник и учесник на квизови на Балканот
Wed, 01 May 2024 - 17min - 1818 - Гласни и радикални
Политичките елити заради свои интереси ги поделија младите по етничка и партиска основа, вели активистот Бленди Ходаи. Верува дека младите може да се обединат пред се за радикални реформи на образованието. Во Поткастот Зошто зборува како младите луѓе да станат гласни и авангарда во државата.
Wed, 17 Apr 2024 - 18min - 1817 - Не го злоупотребувајте „Најди ме“
„Најди ме“ или Амбер алерт е систем за рано предупредување за исчезнати деца“, но некои го злоупотребуваат. Свекрва пријавува снаа за исчезната а таа заминала кај мајката или девојка пријавува момче а тие раскинале. Но ситемот споделува само потврдени информации од МВР, вели во Зошто Наташа Доковска, новинарка и Програмски директор на невладината организација „Новинари за човекови права
Wed, 10 Apr 2024 - 15min - 1816 - Автор, а не актер во сопствениот живот
Зошто граѓаните на избори гласаат повеќе „против“ отколку „за“? Им треба ли тренинг за личен развој на политичките лидери? Зошто жртва наместо слобода на избор? Одговорите во Зошто ги бараме од Ида Протуѓер, која новинарството го замени со life coaching или тренер за личен и организациски развој.
Wed, 03 Apr 2024 - 19min - 1815 - Сè нешто ќе биде, а сè е пoсмешно
Жарко Јовановиќ во Зошто. Млад дечко глумец – кумановец, стенд ап комичар. Еден од онаа млада глумечка гарда која успева да ја насмее публиката и во тмурни времиња. Зошто му е смешна политиката и политичарите, па ни ги нуди и на сатиричен начин, во живо, на интернет или на ТВ.
Wed, 27 Mar 2024 - 16min - 1814 - Град по мерка на политичарите
Нашите колеги, архитекти, кои ја воделе архитектурата на градот и државата во времето на СРМ го имале целиот дигнитет на професијата и слобода да одлучуваат. Не може да сме полоши од нив. Полошо е само опкружувањето сега за практикување архитектура, вели архитектот Бујар Муча во Поткастот Зошто
Wed, 20 Mar 2024 - 20min - 1813 - Платена политичка програма поинаков начин на корупција
„Сега државата всушност им дава пари на партиите и преку нив се влеваат во медиумите и значи на поинаков начин има еден вид корупција, вели во Зошто познатиот македонски новинар и Претседател на Комисијата за жалби при Советот за етика Мирче Адамчевски. Со него разговараме и за новинарството и за улогата на Советот за Етика како тело за морални санкции за да се заштити јавноста од неквалитетни новинари
Wed, 13 Mar 2024 - 17min - 1812 - Изнудени подароци
Еуфоријата за подароци на 8 март како да нема граници. Професорката по македонски јазик Татјана Алексиќ во поткастот Зошто вели дека загрижува што сега децата се гледаат низ призмата на материјалното. Таа забранува да и се носат подароци, но иницира хуманитарни акции заедно со своите ученици.
Wed, 06 Mar 2024 - 19min - 1811 - Цензурата е минато
Ние сме бомбардирани со илјадници информации и денеска техниките на манипулирање со јавноста не се врзуваат со цензурата. Цензурата не е возможна, не можете да блокирате информација, ќе се појави, вели Михајло Лахтов, експерт за медиуми. Во Зошто зборуваме и за пропагандата и „инстант вистините“ .
Wed, 28 Feb 2024 - 20min - 1810 - Корупцијата цвета бидејќи не се казнува
„Тука ризикот да украдете нешто и ризикот да одговарате и да одите во затвор се сведува практично на нула. Затоа корупцијата е кај нас високо и широко распространета исплатлива дејност и последиците се таму од каде што се земени парите“, вели Герман Филков за поткастот Зошто. Со него разговараме и за ефектите од работата на Центарот за граѓански комуникации, за црните листи на САД и извештаите на ЕУ.
Wed, 21 Feb 2024 - 19min - 1809 - Жена во премиерската фотелја - има ли шанси?Wed, 14 Feb 2024 - 19min
- 1808 - На Вулкан со велосипед
Во земјава има млади луѓе, кои се обидуваат да направат нешто, за себе и за општеството. Еден таков човек најдовме на социјалните мрежи. Тоа е Никола Нешкоски, планинар, велосипедист, екологист и едукатор. Со него во поткастот Зошто разговараме за задоволствата, успесите но предизвиците со кои тој се соочува во остварувањето на неговата мисија.
Wed, 07 Feb 2024 - 16min - 1807 - Кој ќе биде заменет од робот?
Во држава без дигитализација и документи уште се вадат на шалтер, со турканици, кој размислува за вештачка интелигенција? А ВИ го освојува светот. Комуниколот Бојан Кордалов во Зошто зборува колку се користат овие алатки, за укинување работни места, но и дали ќе „учествуваат“ во изборните кампањи.
Wed, 31 Jan 2024 - 18min - 1806 - На политиката и затвораме врата
Добро е кога можеш да споделиш нешто, а многу луѓе околу тебе тоа го споделуваат, вели Виктор Петров – Викса популарен водител на Радио Сити во Поткастот Зошто на Слободна Европа. Со Викса разговараме за Радиото како медиум денеска, вчера и во иднина. Радиото , вчера и денеска, не е исто. За Викса Радиото е друштво на луѓе што знаат да бидат во друштво.
Wed, 24 Jan 2024 - 17min - 1805 - Герила контра поданици
Партиските поданици се помалку од граѓаните кои можат да решат да ги земат работите во свои раце, иако практикувањето на ова демократско право е уште во зародиш. Активистот Никола Писарев во поткастот Зошто зборува за герила акциите, но и за „заморот“ и разочарувањето после Шарената револуција.
Wed, 17 Jan 2024 - 20min - 1804 - Тивки наставници и погрешни вредности
„Отсекогаш ми било многу поважно какви луѓе ќе станат моите ученици отколку какви оценки ќе добијат на тестовите“, вели за „Зошто“ Наде Молеровиќ долгогодишен просветен работник, директорка во две основни училишта која никогаш не престанала да биде учител.
Wed, 10 Jan 2024 - 18min - 1803 - Дон Кихот против шундот и кичот
Полесно е да се работи на проверени варијанти, музика слушлива на прва, вели Игор Атанасовски Харе, но тоа не му е предизвик. Вели Блузот им прави ќеиф на луѓето, а го наоѓа и во фолклорната музика. Со Игор Харе во Поткастот “Зошто“ и за патриотизмот, за новата година и што ги прави луѓето среќни.
Wed, 03 Jan 2024 - 20min - 1802 - На сите ни треба психолог
Кои се најчестите причини да се посети психолог денеска и дали професионална помош повеќе бараат младите или возрасните. За менталните проблеми и потреби од психолози, за употребата на лековите кои делуваат на централниот нервен систем, анксиозноста и депресијата во Поткастот Зошто разговараме со психологот Тиана Ивановска.
Wed, 27 Dec 2023 - 16min - 1801 - Невидливи за државата
На кандидатските листи никогаш или само на дното има лица со попреченост, па ги нема ниту во Парламентот, ниту во Владата. За битката што ја водат овие граѓани и со секојдневните, физички препреки, но и со уште поголемите - дискриминацијата и предрасудите во поткастот Зошто зборува Елена Кочоска.
Wed, 20 Dec 2023 - 19min - 1800 - Мотоциклот е слобода за одговорни моторџии
Тоа е страшно. Бев во САД, во Флорида и на едно дружење една госпоѓа од клубот ми рече „Знаете што, тие што не носат кацига тука ние ги викаме донатори на органи“, вели Драган Малиновски познат антикорупционер, адвокат и моторџија кој повикува на почитување на пишаните и непишаните правила за однесување во сообраќајот.
Wed, 13 Dec 2023 - 16min - 1799 - Кучешки живот
За да стане Скопје град без улични кучиња потребни се 5 до 7 години, но ако се обединат и властите и активистите и ветеринарната фела и направат стратегија за решавање на овој проблем, вели ветеринарот др Димче Велковски. Најпрво треба да се пребројат кучињата и да се крене свеста кај граѓаните.
Wed, 06 Dec 2023 - 18min - 1798 - Корупцијата е голема кога ризикот е мал
„Тука ризикот да украдете нешто и ризикот да одговарате и да одите во затвор се сведува практично на нула. Затоа корупцијата е кај нас високо и широко распространета исплатлива дејност и последиците се таму од каде што се земени парите“, вели Герман Филков за поткастот Зошто. Со него разговараме и за ефектите од работата на Центарот за граѓански комуникации, за црните листи на САД и извештаите на ЕУ.
Wed, 29 Nov 2023 - 19min - 1797 - Здравството е крш
Во Брзата помош секој ден мора да се донесе одлука кој случај од итните е најитен, раскажува д-р Миралем Јукиќ во поткастот Зошто. Но и со што се соочуваат како млади лекари специјалисти. Да замине во странство може веднаш, но најпрво ќе проба нешто да промени во јавното здравство.
Wed, 22 Nov 2023 - 26min - 1796 - Не знам, не знам, министер за нешто!
Ако и нас не праша некој за тоа кој политичар не е корумпиран, за некој коректен политичар кој работи добро со сѐ срце за својата земја, за народот, за општеството, можеби и нас нема да ни текне, вели аналитичарот Џелал Незири, во „Зошто“ на темата зошто младите не ги познаваат политичарите, не се заинтересирани за политиката и иднината ја бараат надвор од земјата
Wed, 15 Nov 2023 - 25min - 1795 - Како политиката го полни Скопје со ѓубре
Зошто Скопје е преполн со ѓубре и највалкан главен град на Балканот? Дали високи казни и комунална полиција може да ги дициплинира граѓаните? Горјан Јовановски, еко-активист и советник во град Скопје во поткастот “Зошто“ за политиканството, но и како може Скопје да стане чист град по западен модел.
Wed, 08 Nov 2023 - 17min - 1794 - Слабо оди фаќањето на „лошите“
„Ако не сакаме да дишеме воздух, кој „мириса на изгорена пластика“, сега е шансата да се направи промена“, вели Јане Димески од Шанса за Центар. Со него за „неказнивоста“ на загадувачите и „незаинтересираноста“ на политичарите разговараме во ова издание на Зошто
Wed, 01 Nov 2023 - 15min - 1793 - „Супермен“ од наше маало
Секој што размислува критички во државата, се сече. Стојанче Ангелов, директор на Центарот за управување со кризи во поткастот „Зошто“ критикува, но има и пофални зборови за сите што учествуваат го „гаснењето“ на кризи во државата, а раскажува и за „моќта“ на неговите видео пораки.
Wed, 25 Oct 2023 - 19min - 1792 - Што Те нервира
Од каде таква нервоза и бес на интернет просторот. Кривичниот законик, законот за амнестија, државните набавки, тендери, разноразни сомнежи за криминал, нефункционирање на системот се главните причини за кои дел од граѓанството се нервира во последно време. Соговорник ни е Жанета Трајковска од Институт за комуникациски студии и Висока школа за новинарство и за односи со јавноста.
Wed, 18 Oct 2023 - 18min - 1791 - Целта е страв и молк
Закани и навреди на социјалните мрежи кон новинарите има се почесто. Новинарките се сметаат за полесна цел, не само заради нивната работа, туку се деградираат затоа што се жени. Новинарката и активистка Рита Беадини во поткастот Зошто зборува за заканите што ги добила затоа што критикувала имам.
Wed, 11 Oct 2023 - 16min - 1790 - Дрес код - како се облекуваат младите во и надвор од училиштата
Некогаш мораше кецели, па некои млади носеа и кроп топ, не само надвор туку и во училиштата. Во гимназијата Орце Николов сега се носат маички и дуксери во боите на училиштето. Слушајте во „Зошто“ што за модниот начин на изразување, велат ученици во Орце Николов и нивниот директор Митко Димовски.
Wed, 04 Oct 2023 - 10min - 1789 - Од учебници со грешки до критичко мислење
Учебниците по историја не се обновени десетина години, а грешките не се поправени. Историчарот Петар Тодоров вели дека историјата треба да се предава да создава критичко мислење, а не ученици кои стануваат подложни на политички манипулации. Но за тоа е потребна реформа во наставата по историја.
Wed, 27 Sep 2023 - 18min - 1788 - Скопски трамвај, о желбо пуста неостварена!
Знаете ли дека во Скопје имаше трамвај на крајот на 19 век, само 20 години по првиот трамвај во Виена кој се појавил во 1864 година? Е, сега тоа не биле трамваји како денешните, туку биле влечени со коњи. Слушнете ја целата приказна за првиот скопски Трамвај и зошто Скопје во 21 от век нема трамвај, во поткастот на „Зошто“, со Зоран Ќука.
Wed, 20 Sep 2023 - 16min - 1787 - Зошто Скопје нема трамвај?
Знаете ли дека во Скопје имаше трамвај на крајот на 19 век. А сега нема. Епa, првиот трамвај во Виена се појавил во 1864 година, а Скопје имало трамвај во 1884 година? Е, сега тоа не биле трамваи како денешните, туку биле влечени со коњи. Што ќе се случи во блиска иднина ако Скопје не ја модернизира сообраќајната инфраструктура. Слушнете во една минута што вели професорот Зоран Кракутовски во Подкастот „Зошто“ на Слободна Европа кој во целост ќе можете да го слушате на Спотифај, Ејпл и Гугл подкаст, Јутјуб и Фејсбук на 20 септември.
Mon, 18 Sep 2023 - 00min - 1786 - Зошто Поткаст „Зошто“ ?
Зошто е Поткаст да разбереме што се случува, зошто се случува и како подобро да се справиме со проблемите. Вие ќе прашувате, а ние и нашите гости ќе ги бараме вистинските одговори.
Mon, 04 Sep 2023 - 01min
Podcast simili a <nome>
El Partidazo de COPE COPE
Herrera en COPE COPE
Panda Show - Sin Picante El Panda Zambrano
Es la Mañana de Federico esRadio
Hondelatte Raconte Europe 1
Affaires sensibles France Inter
LEGEND Guillaume Pley
El colegio invisible OndaCero
La Rosa de los Vientos OndaCero
Les grands dossiers de l'Histoire par Franck Ferrand Radio Classique
Espacio en blanco Radio Nacional
Enquêtes criminelles RTL
Entrez dans l'Histoire RTL
Le grand récit RTL
Les Grosses Têtes RTL
L'Heure Du Crime RTL
Parlons-nous RTL
El Larguero SER Podcast
Nadie Sabe Nada SER Podcast
SER Historia SER Podcast
Todo Concostrina SER Podcast
Un Libro Una Hora SER Podcast
The Rest Is Politics Goalhanger
Echo der Zeit Schweizer Radio und Fernsehen (SRF)
הכותרת שרון כידון | Be.po
Новости | Эхо Эхо Подкасты
La noche de Cuesta esRadio
Die Nachrichten Deutschlandfunk
The Dan Bongino Show Cumulus Podcast Network | Dan Bongino
Σκληρές αλήθειες LIFO PODCASTS, ΑΡΗΣ ΔΗΜΟΚΙΔΗΣ
Stories Cecilia Sala – Chora Media
Vorbitorincii-Baricade-Leaders Catalin Striblea, Radu Paraschivescu, Radu Naum
Evropska unija v živo Helena Škrlec
striblea's podcast Catalin Striblea
Știrile Recorder Știrile Recorder
La Trinchera de Llamas esRadio
Global News Podcast BBC World Service
Laurent Gerra RTL
Conflits, géopolitique Conflits revue de géopolitique
Crónica Rosa esRadio
Startitup podcasty Startitup
The Bolt Report Sky News Australia / NZ